Бизнис
3. March 2022 - 12:36

Цените на енергенсите неконтролирано растат

Цените на енергенсите на светските берзи вртоглаво растат. 

Во моментов суровата нафта се тргува по цена од околу 113 долари за барел. Тоа е поскапо од светската криза пред 10 години, иако е сè уште далеку од рекордот постигнат во јуни 2008-та година, кога за време на големата финансиска криза цената на барел нафта достигна 180 долари.

Но, украинско-руската криза значајно ја вивна и цената на гасот на светските берзи. Според актуелните цени, гасот се тргува по цена и од дури 3.300 долари за 1.000 кубни метри. Доколку продолжи растот на цената на гасот може многу скоро да се надмине и историскиот максимум од големата финансиска криза, кога во јули 2008 година гасот се продаваше по цена од 4.114 долари за 1.000 метри кубни.

Според експертите, особено чувствително е европското тло, бидејќи Русија обезбедува дури 40% од вкупните потреби за гас и 30% од потребите за нафта на европскиот пазар. Инаку, Русија е најголем извозник на природен гас во светот и втор најголем извозник на нафта по Саудиска Арабија.