Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Двата главни референтни вида нафта за светските пазари денеска значително поскапеа, надминувајќи сто долари за барел на почетокот на тргувањето во Азија, на првиот ден од работната недела.
Растот на цените доаѓа во услови на воени дејствија на Блискиот Исток, каде што е затворен клучен нафтовод во Саудиска Арабија, додека Ормуската Теснина повторно стана место на нови напади.
Цената на реферетната за Европа, северноморската нафта „брент“, за испораките во ноември денеска се зголеми за 2,80 отсто, на 107,54 долари за барел. Во средата таа за првпат од јули годинава ја надмина границата од сто долари, а во изминатата недела порасна за речиси девет отсто.
Цената на американската „лесна“ сурова нафта, референтна за Северна Америка, за испорака во октомври се зголеми за 2,29 отсто, на 102,34 долари за барел.
МИА
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
