Целосно реновирано најстарото училиште во Велес „Св. Кирил и Методиј“
Заврши реконструкцијата во Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ кое е најстаро во Велес. Во втората фаза е обновена фасадата на стариот објект и се заменети подовите во 15 училници.
Градежните зафати беа извршени заедно со Министерството за образование и наука. Инвестицијата во оваа фаза изнесува 3,3 милиони денари, кои се дел од проектот „Реконструкција на средни и основни училишта во Република Македонија“. Со вложените 5,9 милиони денари во првата фаза, во реконструкцијата во двете фази заедно се инвестирани речиси 10 милиони денари.
Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев е задоволен од реконструкцијата на училиштето.
- Прво се изврши рехабилитација на покривот, двете згради на училиштето, подовите, надворешната столарија и фасадата на поновиот објект. Инвестицијата во првата фаза изнесуваше 5,9 милиони денари. Со сегашната инвестиција во реконструкцијата е инвестирано близу 10 милиони денари, информира Чадиев.
Директорката на училиштето Анита Мирчева истакна дека со реконструкцијата, ОУ „Свети Кирил и Методиј“ е меѓу најубавите училишта во Велес, но и во Македонија.
- Условите за настава сега се одлични. Тоа е голема придобивка за учениците, но и за нас вработените, оцени Мирчева.
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ е едно од најстарите училишта во Македонија, осовано во далечната 1857 година и годинава слави 160 години. Во него учеле многу познати велешани меѓу кои и Кочо Рацин.
Истовремено, со средства на Општина Велес извршена е реконструкција во топловодниот систем во училиштето, со што се надминати проблемите со затоплувањето. Монтиран е и нов парен котел со поголема моќност од претходниот.
Во наредниот период преостанува да се уреди и спортската сала. Како што информираше Чадиев, во изминатите четири години Општина Велес самостојно, како и заедно со Министерството за образование и наука, направи реконструкции во сите основни и средни училишта во градот, при што се инвестирани над еден милион евра.
Ново на Сител
-
Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина
-
Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години
-
Германската компанија „Костел“ започнува трета фаза од инвестицискиот циклус
-
Шести обид бугарскиот Парламент да избере претседател
-
На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан
-
На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници
-
Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025