Целосно реконструирана Клиничката болница во Битола
Завршена е темелната реконструкција на Клиничката болница во Битола која опфати целосна промена на покривот, фасадата и прозорците. Инвестицијата е вредна 107 милиони денари.
Ова денеска го истакна вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров кој заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски извршија увид во реконструкцијата на Клиничката болница во Битола.
Тодоров информира дека реконструкцијата ќе овозможи сериозна енергетска ефикасност на болницата и заштеди кои ќе се движат од 7 до 9 милиони денари годишно, средства кои болницата ќе може да ги искористи за сопствен развој.
Ова е прва темелна надворешна реконструкција на болницата која што е изградена во 70-ите години од минатиот век.
- Ние имавме план и во Програмата ни беше предвидена и комплетна реконструкција на внатрешноста на болницата или 635 милиони денари и подигнување на стандардот. Собите да бидат со помал број кревети, да има тоалет во секоја соба, како и реновирање на операциските сали. Тоа требаше да почне во 2018 година, прва фаза, а втората фаза во 2020 и со тоа требаше комплетно да се затвори инвестицијата, рече Тодоров.
Тој информира дека досега во оваа болница се вложувало во инфраструктура, опрема и кадар. Во болницата има набавено нова медицинска опрема во вредност од над 6 милиони евра, меѓу кои се ангиограф за интервентна кардиологија, апарат за компјутеризирана томографија, апарат за магнетна резонанца, рендген апарат во вредност од околу 100 илјади евра, гинеколошки ултра-звучен 4Д ехо апарат, инкубатори за недоносени новороденчиња...
- Од 2012 досега имавме сериозни кадровски зајакнувања во болницата. Од 2012 досега се примени 250 лица, од кои 46 доктори, а останатите се сестри, болничари, лаборанти, истакна Тодоров.
Груевски интересирајќи се за услугите кои им ги овозможува болницата на пациентите констатира дека пациентите за зрачна терапија повеќе нема да мора да одат или да доаѓаат во Скопје. Тој изрази задоволство од комплетното надворешно реновирање на болницата, од новата опрема и новиот кадар.
- Овде одлично се одвиваат работите. Готов е проектот и за внатрешна реконструкција, а тоа е многу важно. Надворешната е завршена, опремата е тука, кадарот е зајакнат и по квантитет и по квалитет во смисла на обуки и специјализации. Педесет лекари се отидени во странство во сите центри, во Европа и во Америка. Објектот за радиотерапија е завршен, донесен е апаратот и треба да се инсталира деновиве, рече Груевски.
Според него, се работи за сериозно зајакнување и издигнување на друго ниво од она што беше претходно, пред 7-8 години.
Тодоров посочи дека се очекува за девет месеци да почне со работа аксцелераторот.
Тодоров информира дека 23 доктори во моментов се пратени на специјализација, од кои пет во странство, а има и 10 од оние кофинансирани специјализации со кои овозможуваме трансфер на оние од приватна во државна специјализација и тоа, како што рече, сериозно ќе го зајакне кадарот на болницата на среден рок во болницата, односно ќе овозможи стабилен развој на болницата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување