Бизнис
28. September 2017 - 19:48

Целосен откуп на тутунот најавува прилепскиот комбинат

Прилепскиот Тутунски комбинат ги има обезбедено средствата за откуп на 2 милиони килограми тутун од годинашната реколта од 3500 кооперанти, информираше денеска новиот генерален директор на Компанијата, Кирил Станкоски.

Напоредно со ова, во Тутунскиот комбинат продолжува и процесот на модернизација  и обновување на производствените капацитети. Со помош на стратешкиот партнер “Филип Морис”, инсталирана е нова машина, а ќе се реновира и производствената хала во Цигарната фабрика, на површина од 5.000 метри квадратни.

Инаку, деновиве, во посета на Компанијата се наоѓаат највисоки претставници на стратешкиот партнер “Филип Морис”, со чија помош, прилепскиот Тутунски Комбинат, во последниве неколку години започна да се движи во позитивен правец.