-->
-->
Цело време погрешно ја полните батеријата на телефонот!
-->

Сите ние знаеме дека батериите на телефоните коишто ги користиме траат најмногу еден ден. Меѓутоа, кон тоа придонесуваме и самите, затоа што постојано ги полниме на сосема потрешен начин.
Многу корисници сметаат дека честото полнење на батериите во кратки интервали и нанесува штета на батеријата, па токму затоа подобро е да ги полните кога се речиси празни.
А, токму тоа е потполно погрешно.
Веб страницата Battery University на компанијата Cadex којашто произведува батерии, објаснува колку се всушност литиум-јонските батерии во паметните телефони чувствителни на "стрес". А исто како и кај луѓето, одредено количество на стрес може да ја оштети батеријата.
Ако сакате на батеријата во вашиот телефон да ѝ го продолжите животниот век, треба да го промените начинот на којшто ја полните батеријата.
- Кога батеријата ќе се наполни, исклучете го телефонот од полнач. Ако ја оставите наполнетата батерија преку ноќ и понатаму да се полни, истата може да се оштети.
- Не полнете ја батеријата до 100 отсто. Литиум-јонските батерии не мора да бидат во потполност наполнети, а тоа и не е препорачливо. Всушност, и подобро е да не ја полните до 100 отсто.
- Полнете го телефонот кога можете. Батериите на нашите телефони ќе бидат во многу подобра состојба ако повеќе пати се полнат во текот на денот.
- Потрудете се телефонот да биде ладен. Батериите се чувствителни на топлина. Ако забележите дека телефонот се загрева прекумерно, отстранете ја футролата, ако веќе користите футрола. Ако пак сте на сонце, заштитете го телефонот. Ова секако ќе го продолжи животниот век на батеријата, пишува Business Insider.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски по повод Велигден
-
Сиљановска-Давкова: Сплотени и солидарни да ги надминеме искушенијата
-
Руско-американскиот вселенски екипаж се врати на Земјата по повеќе од седум месеци во вселената
-
Келог: Украина нема да влезе во НАТО
-
Сончево и топло, од утре нестабилно со дожд и грмежи
-
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се сретна со папата Франциск
-
Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите напори за изградба на праведно општество
-
Ишиба: Јапонија бара праведност во економските преговори со САД