-->
-->
Цело време глумела - Ова е вистината за односот меѓу Рада Матиќ и Зоран Марјановиќ!
-->
Радмила Матиќ од Виена, жената која петходниот месец се допишувала со сопругот на убиената Јелена Марјановиќ (33), Зоран, со кој разменила повеќе од 1000 пораки, открила дека тој сигурно знае кој е убиецот на пејачката и дека е вклучен во кривичното дело!
Таа во разговор за „Информер“ изјавила дека Зоран не е тој што лично го извршил убиството.
- Кога допишувањето ги мина границите и кога сфатив дека Зоран е чуден човек, верски фанатик, човек кој мисли дека е витез, Божји пратеник, решив да одам во полиција. Сите пораки се земени и договорот беше да организираме средба меѓу мене и Зоран која тие ќе ја следат. Меѓутоа, не успеале во организацијата... Ми рекоа дека нема ништо од тоа, но да продолжам да го одржувам контактот со него, - изјавила Рада.
Како што вели оваа жена, за која се шпекулира дека на белградската полиција и послужила како мамец, во оваа приказан влегла целосно сама и слободна.
- Сфатив дека треба да го фалам, да му кажувам дека тој е мојата сила, мојот водич, дека е јак и храбар... Да бидам искрена, дури на интернет пребарував фрази и реченици за фанатици како него. Падна на тоа и почна дам и ги праќа оние болни пораки кои ви ги дадов. Бев шокирана, но не сакав да се откажам, бидејќи бев сигурна дека нешто ќе откријам. Цело време глумев! - изјавила Рада на крајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект