Цела ноќ се водеше битка со огнените јазици во повеќе делови на Грција – повредени 15 пожарникари
По битката со огнената стихија во текот на ноќта, грчките пожарникари утрово продолжуваат со гаснењето на пожарите во Ахаија, во околината на градот Патра во северозападен Пелопонез, на островите Закинтос и Хиос, како и во близина на Превеза, што сè уште не се ставени под контрола, а според портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис повредени се 15 пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина.
Ватракојанис утрово информираше дека со разденувањето веднаш почнале да интервенираат 33 воздушни средства во првата фаза и на сите фронтови, дополнувајќи дека се активни повеќе жариште, а се гаснат од копно и воздух.
Посочи дека денеска се очекува да биде многу тежок ден бидејќи се предвидува многу висок ризик од пожар за повеќето области на земјата.
Во текот на ноќта во неколку области каде што се активни пожарите беа испратени пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација на жителите што се во близина.
Пожарите предизвикаа голема материјална штета со изгорена површина и изгорени куќи и бизниси, а штетата дополнително ќе се проценува.
Во текот на вчерашниот ден, како што доцна синоќа информираше портпаролот на противпожарната служба на Грција интервенираа и продолжуваат да интервенираат 4.850 пожарникари.
Ново на Сител
-
Инженери на Македонија со иницијатива до Уставен - дали паушалните сметки за струја се законски?
-
Над 50 работници од штипска конфекција останаа на улица
-
Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан Денот на македонската армија
-
Преглед на вестите од светот
-
Зеленски и европските лидери кај Трамп
-
АРМ слави 33 години постоење
-
ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите
-
Преглед на вестите од светот