Цела недела не работат операционите сали на Хирургија - нема информација кога ќе профункционираат
Операционите сали на хирургија ќе останат надвор од функција и за време на продолжениот викенд. Цела недела поради непријатна миризба и проблеми со компримираниот воздух не работи оперативниот блок и се одложуваат сите интервенции на пациентите кои биле на листите и со месеци чекале да дојдат на ред. Во меѓувреме здравствените власти импровизираат и во сала се внесуваат само болни кои се во животозагрозувачка состојба.
- Според информации на Сител од хируршките клиники вчера попладне со посебни компресори за воздух прилагодени се три сали на Трауматологија, Дигестивна и неврохирургија, но во нив ќе се оперираат само многу итни случаи.
Останатите кои бараат помош и имаат потреба од интервенција се препраќаат во ГОБ 8 септември и Старата градска болница каде деновиве бележат зголемен број на пациенти.
Не само болните поради проблемите со салите револтирани се и лекарите.
Од министерството за здравство ниту денеска не одговорија кога нормално ќе проработи хируршкиот блок, ниту дали некој ќе понесе одговорност за овој хаос.
Дали има елементи за кривично дело испитува и јавното обвинителство.
За еден месец ова е втор пат толку долго бидат затворени сите сали, а се случува прв пат од постоењето на Клиничкиот Центар.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар