Цехте пред дуелот со Алборг: Веруваме во прва победа во ЛШ
Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер со оптимизам го очекуваат утрешниот дуел против Алборг во рамки на претпоследното коло во групата А во Лигата на шампиони.
Десниот бек на битолскиот состав Нејц Цехте денеска во изјава за клупскиот сајт истакна дека Еурофарм Пелистер е подготвен да ја забележи првата победа во групната фаза.
„Едвај го чекаме натпреварот. Тоа ќе биде празник за ракометот и можност да покажеме дека можеме да се носиме со најдобрите. Посакуваме победа и верувам дека можеме во среда да дојдеме до неа“, изјави Цехте.
На две кола до крајот на групната фаза Еурофарм Пелистер е последнопласиран без бодови, а на првиот дуел против Алборг македонскиот тим загуби убедливо со 38-23.
„Првиот меч дозволивме да влеземе во нивниот ритам, но овојпат нема да биде така. Ќе видат како е да се игра пред вистинска публика. Тоа не им и познато, стилот на навивање е целосно различен, па тоа мислам дека ќе биде нашиот адут“, порача Цехте.
Дуелот е на програмата утревечер со почеток во 20:45 часот во салата „Боро Чурлески“.
Ново на Сител
-
Вонреден инспекциски надзор во Болница-Кавадарци, формирана и внатрешна комисија во врска со починатото тригодишно дете
-
ЕХФ: Алкалоид е победник на Европскиот куп
-
Во Претор почна еко проект за зачувување на биолошката разновидност на Преспанско Езеро
-
Расчистен случајот кога двајца браќа беа повредени при обид да разделат лица во тепачка пред фитнес клуб во Чаир
-
Приведен 46-годишник од Гевгелија, при претрес во неговиот дом пронајдена е дрога
-
Руте: Мора да ги зголемиме одбранбените трошоци за да можеме да се браниме
-
180 сообраќајни прекршоци вчера во Скопје, 15 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Ким Џонг Ун се сретна со Шојгу, вети безусловна поддршка за Русија