-->
-->
Цедевита лесно против Цибона, а Крка по две продолженија го победи Тајфун
-->
Во регионалната кошаркарска АБА лига синоќа беа одиграни првите два натпревари од 16.коло.
Во хрватската пресметка меѓу Цибона и Цедевита очекувана лесна победа оствари евролигашот Цедевита со 69:81 (по четвртини 12:27, 17:21, 18:14, 22:19). Миро Билан имаше уште една фантастична партија.Центарот на Цедевита средбата ја заврши со 25 поени (само две промашувања од игра 13 од 15), 7 скокови и по една освоена топка и асистенција, за на крајот на мечот да има неверојатна валоризација на индекс на учинок од 35.
Словенечкото дерби меѓу Крка и Тајфун беше многу по неизвесно и драматично, а триумфот им припадна на домашните кошаркари кои забележаа победа дури по две продолженија. По регуларните 40-минути резултатот беше нерешен 74:74, а и првото продолжение заврши без победник (11:11). Во вторите „екста’’ 5-минути, повеќе среќа, но и нерви имаа кошаркарите на Крка кои го решија во своја полза со 18:11, за конечна победа од 103:96.
Денеска на програмата се три натпревари.
Од 17 часот во СЦ „Јане Сандански’’ македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром го пречекува белградски Партизан
Од 19 часот стартува дуелот меѓу Сутјеска и Унион Олимпија, а во терминот од 21 часот закажан е почетокот на мечот Игокеа - Металац.
16.коло ќе биде комплетирано во четврток со средбите Црвена Звезда - Задар (15 часот) и Мега – Будуќност (19 часот).
Табела: Цедевита 13-3 (победи-порази), Будуќност 13-2, Црвена Звезда 11-4, Мега 10-5, Крка 8-8, Тајфун 7-9, Задар 7-8, Цибона 6-10, МЗТ Скопје 6-9, У. Олимпија 6-9, Партизан 6-9, Игокеа 5-10, Металац 5-10 и Сутјеска 4-11.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коцевски не заминува од функцијата, имал премногу работа како Јавен обвинител
-
„Едвај чекам“, рече Арсовска по најавите на Ганиу дека ќе ја тужи
-
РСБСП: Безбедно лето, вози одморен
-
Службите можат да здивнат - Само еден активен пожар на Готен
-
Фондот за здравство плаќал за лекување во странство, ама не водел контрола каков е исходот
-
Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани
-
Николоски: Пет нови авиолинии од Скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
-
Собранието ја почна 61.та седница, спикерот Гаши зборуваше за процедурата за изборот на народен правобранител