ЦДУ на Меркел победи на изборите во провинцијата Шлезвит- Холштајн
Конзервативната партија на германскиот канцелар Ангела Меркел победи на изборите во провинцијата Шлезвиг-Холштјн, што се сметаат за тест за расположението на гласачите пред парламентарните избори, закажани за 23 септември, пренесоа светските агенции.
Податоците се темелат врз онова на излезните анкети на телевизиите ЗДФ и АРД. Тие покажуваат дека за Демохристијанската унија (ЦДУ) на Меркел гласале 33 проценти од избирачите, а Германската социјалдемократска партија освоила само околу 26 проценти.
На трето место са најдоа Зелените со околу 13,5 проценти. Слободната демократска партија освои 11,5 проценти.Евроскептичната партија Алтернатива за Германија освои 5,5 проценти. Тоа значи дека таа за првпат ќе влезе во локалниот Парламент.
Резултатите покажуваат дека актуелната владеачка коалиција во провинцијата, составена од социјалдемократите, зелените и партијата на данското малцинство Сојуз на избирачите од Јужен Шлезвиг, ќе престане да постои. Последната од овие три партии освои само 3,5 проценти.
ЦДУ на Меркел во моментов владее во седум од 16-те германски провинции.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко