-->
-->
ЦАС: Намалена трансфер казната на Реал
-->
Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе може да биде активен на трансфер пазарот, откако во вторникот Судот за апортска арбитража (CAS) за седум месеци му ја намали казната на „кралскиот клуб“ која му ја изрече Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Поради неправилности во трансферите со малолетни фудбалери, ФИФА, го казни Реал со забрана на трансфери во два преодни рокови, односно забрана на трансфери до јануари 2017 јануари.
Одлуката на ФИФА, во вторникот, ја поништи CAS, односно казната на „карлскиот клуб“ ја намали за седум месеци.
„Судот ни соопшти дека дека делумно ни ја ублажил казаната за трансфер на фудбалери, односно дека таа ќе се однесува само на престојниот, јануарски преоден рок“, соопшти Реал на официјалната интернет страница.
„Жалиме што судот немаше доволно храброст целосно да ја укине неправедната казна“, стои во соопштението.
Иако казната му е намалена Реал ќе мора да ја плати паричната казна од 360.000 евра
Одлуката на CAS, која со делумо задоволство ја прифатија во Реал, наиде на огромно незадоволно во редовите на најголемиот ривал Барселона. Каталонскиот тим, претходно беше казнет со забрана на трансфери во два преодни рока и беше парично казнет.
„Нов скандал“ е порака од насловната страница на каталонскиот весник Sport, додека претседателот на Барселона Жозеп Марија Бартомеу порачал дека ќе истражи кои се пирчините што за ист случај Реал минал подобро од неговиот клуб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Oхрид забрзано се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје