Царовска: За децата од социјалните центри ќе се грижиме секој ден
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ја помина новогодишната ноќ заедно со дечињата од социјалните центри во Скопје.
Таа ги посети социјалните центри каде на децата згрижени во овие институции им подели симболични подароци и им посака се најубаво во Новата 2018 година.
- Нова Година е време кога се дружиме со најблиските, но и време да се сетиме на оние кои се често заборавени од општеството. Оваа Нова Година решив да посетам ококу 130 дечиња од домовите во Скопје. Мојата порака е дека за нив ќе се грижиме секој ден од годината, не само овој. Голема благодарност до мојот колега и другар Војо, кој со своите животинки ни ја разубави вечерта и квалитетно ни го исполни времето со нови егзотични информации, напиша министерката Царовска на својот Фејсбук профил.
Ново на Сител
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија