Царовска во изолација: Нема да учествува на расправата за матура во Собранието
Министерката за образование Мила Царовска е во изолација поради контакт лице заразен со вирусот Ковид-19.
Поради тоа, таа утре нема да учествува на расправата за моделот за полагање на државната матура. Клубот за младински прашања и политики за утре закажа расправа на која матурантите, МОН и Бирото за развој на образованието ќе ги спротивстават аргументите.
-Поради контакт со позитивно лице министерката е во изолација, а на јавната дебата за државната матура организирана од Клубот за младински прашања и политики на Собранието ќе учествува претставник од МОН, велат од Образование.
Матурантите велат дека добиле поддршка од 70 пратеници во Собранието за изгласување на предлог-измените во Законот за средно образование кои ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Со овие предлог-измени во услови на пандемија, односно оваа и евентуално следната учебна година матурантите ќе полагаат два наместо четири предмети.
Претходно неделава, средношколците се сретнаа со премиерот Зоран Заев. По средбата и Владата, но и средношколците соопштија дека е можен компромис за ова прашање.
Даниел Василев
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
