Царовска: ВМРО-ДПМНЕ да беше конструктивна опозиција ќе се вклучеше во процесот на осовременување на образованието
Министерството за образовани и наука и Владата продолжуваат интензивно да работат на сите реформски процеси со точно утврдени рокови, а опозицијата наместо да даде конструктивни предлози ги манипулира наставниците, родителите и учениците и ги блокира процесите во Собрание изјави министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на прашање на пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, дали има план и концепт за реформите во образованието.
– Денеска ја отворив вашата предизборна програма и во делот на образованието замислете вие ветувате дигитализација, платформа за е-учење, подготовка на видео материјали од наставници и подготовка на е дигитални учебници. Сето тоа за коешто ние денеска зборуваме. Да бевте конструктивна опозиција ќе се вклучите во овој процес и ќе работевте на подобрување и осовременување на образованието. Но вие се обидовте да манипулирате со родители, наставниците и најтрагично со децата, рече Царовска.
Министерката истакна дека 12 години ВМРО-ДПМНЕ владееше и имаше можност да направи образование како во развиените земји, но парите ги потроши „на глупости и на лични интереси“.
– Од ова се обидуваме и денес да се отплеткаме, од ексклузивни права за учебници коишто се екстремно неквалитетни, наставни програми кои ги плативте 3 милиони евра, рече Царовска.
Ново на Сител
-
Три лица осомничени за убиството пред казино во Кавадарци
-
Зеленски: Најмалку осум лица загинаа во напад врз Киев, меѓу нив и едно дете
-
Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
-
Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“
-
Аргентинскиот претседател Милеи нападнат со камења на предизборен митинг
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни