Царовска: Ученикот кој има само книга далеку повеќе уназадува од ученикот кој има и таблет и книга
Министерката Мила Царовска во гостување во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека учебниците нема да бараат посебни перформанси на технолошките уреди. Според неа, децата кои во моментот не користат технолошки уреди уназадуваат зад оние кои користат.
-Сите оние коишто не можат да си дозволат, за првпат, Законот гарантира дека државата или општина ќе им го обезбеди истото. Сега во моментот, ученикот кој нема дигитален уред има само книга, и далеку повеќе уназадува од ученикот кој има и таблет и книга и други можности за информирање. Токму затоа, со овој Закон ги изедначуваме правата на децата коишто досега немале можност да се сретнат со дигитални алатки и дигитална мултимедијална содржина, вели Царовска.
Уверува дека со новиот Закон децата ќе имаат многу поголема интеракција со наставникот, а учебникот може да биде презентиран на часот, но нема да постојано да се гледа во таблети.
Ново на Сител
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје