Македонија
7. February 2019 - 19:33

Царовска контра ММФ: Минималната плата ги дава очекуваните резултати

Зглемувањето на минималната  плата ги даде посакуваните резулати, тврди министерката Царовска. Вели дека ниту една политика на владата не се носи ад хок. Целат  е платите да растат, животниот стандард на граѓаните да се подобрува. За годинава најавено е ново покачување на минималецот.  Нешто на што веќе предупреди Меѓународниот монетарен фонд.  Во нивната анализа се вели  дека ваквата мерка може да ја продлабочи  невработеноста кај младите и сивата економија.  Затоа порачуваат -владата да биде претпазлива.  Царовска пак тврди дека сивата економија се следи.

Премиерот Заев пак за годинава најави ново покачување на минималецот. Неофицијално  е дека ќе се зголеми  нешто над 14 илјади денари.

ММФ пак предупреди дека ново ад хок зголемување на минималната плата може скапо да ја чини државата. Според анализите на фоднот, на секое  зголемување на минималната плата од  10 отсто невработеноста кај младите и некфалификуваните работници растела за 2 проценти.

Во моментов во земјава 30 отсто од работниците примаат плата колку минималната  која во моментов е 12 илјади денари или близу оваа сума.