Царовска-Јевтиќ: Да се затвори прашањето за бегалците од Косово

Планот за враќање граѓани од Косово кои се уште се на територијата на Република Македонија како последица на воениот конфликт во 1999 година беше тема на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и косовскиот заменик премиер и министер за заедници и враќање, Далибор Јевтиќ.
На средбата, како што соопштија од МТСП, била изразена желба за конечно затворање на ова прашање во 2018 година, за што се формирани технички групи кои работат на планот за интеграција и враќање на семејствата и веќе е добиена поддршка и од УНХЦР и ЕУ.
Во Република Македонија има околу 300 лица косовски државјани. Во изминатиот период 271 лице изразило желба и се вратило во Косово, а во моментов има 284 лица кои се со статус на лица под субсидијарна заштита во РМ и за кои се грижи државата.
- Сепак останува отворена можноста за одреден број од овие лица во текот на 2018 година да ги искористат програмите кои им се нудат за доброволно враќање во Косово. Се отвори прашањето за реактивирање на потпишувањето на Меморандум за доброволно враќање, со цел овој документ да гарантира успешност на процесот и негово дефинитивно затворање во 2018 година, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.
Косовскиот министер Јевтиќ информирал дека за лицата кои ќе се вратат во Косово се обезбедени одредени средства, како и можност за нивно вработување со цел процесот на враќање и нивно реинтегрирање во Косово да биде одржлив.
На средбата било отворено и прашањето за имплементација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Косово за потврдување на периодите на осигурување кој се применува од 2013 година, како и за други можности за продлабочување на соработката.
Ново на Сител
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
-

Германскиот министер за одбрана Писториус изјави дека тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО се намалиле
-

Променливо облачно со дожд и засилен ветер, на места врнежите пообилни
-

Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате
-

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа
-

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава
