Царовска: Извидничкиот камп никако не е поврзан ниту со МОН ниту со Бирото за развој на образованието
Извидничкиот камп никако не е поврзан ниту со Министерството за образование, ниту со Бирото за развој на образованието, ниту следел програми кои што се пилот-фаза од Бирото за развој на образование, изјави денеска министерката за образование, Мила Царовска.
На прашање како овој случај ќе влијае на процесот на сексуално образование и дали можеби ќе се појави недоверба кај родителите, министерката посочи дека од него се оградија и ХЕРА и Фондација „Отворено општество“, и Градот Скопје, што, како што рече, укажува на тоа дека никако тоа не е поврзано со сексуално образование.
– Сексуално образование како пилот-фаза се случува во четири училишта. Таму искуствата на Бирото за развој на образование со 14-те наставника кои што го спроведуваат засега е одлично, дава позитивен фидбек од страна на учениците, родителите и наставниците и очекуваме кога ќе заврши целата таа пилот-фаза, во тек е истражувањето за тоа какви се постигнувањата, ќе бидат јавно достапни постигнувањата и понатаму ќе се одлучува што со тој предмет, изјави Царовска.
Дополни дека е важно дека во содржините на сексуално образование имаме недискриминација, почитување, родова рамноправност, или еднакви улоги на мажите и жените, можност и очекувања од момчињата и девојчињата во училиштето, ненасилство, што, како што кажа, укажува дека сексуалното образование е превенција од сите типови насилство кои што може на учениците да им се случат, но, исто така, и ученици кои што од незнаење може да предизвикаат трауми и насилство врз други ученици и нивните пријатели.
– Сето тоа е во програмата која што е пилот за сексуално образование и никако не е поврзана со извидничкиот камп или методите и техниките коишто ги користеле. Затоа, велам, ако е нешто во формален систем, ако е поминато низ Бирото за развој на образование тогаш ги содржи компонентите препорачани од УНЕСКО, од СЗО, од УНИЦЕФ, кои што се значајни за развојот на нашето образование сите тие препораки навистина треба да се спроведат на соодветен начин и од страна на наставници коишто се обучени за истото, рече Царовска.
Ново на Сител
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, прри претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него