Царовска: Дупката во Фондот на ПИОМ за десеттина години е тројно зголемена

Трансферот на буџески средства во Фондот на пензиско осигурување е речиси тројно зголемен во периодот од 2006 до 2016 година и минатата година и тоа говори колку неодговорно ВМРО-ДПМНЕ се однесувало кон пензиите и пензионерите во Македонија, рече денеска министерката за труд и социјална политика.
Информира дека дупката во Фондот на ПИОМ или трансфер буџетот во 2005 година бил 7,7 милијарди денари, а во 2016 година дупката во ПИОМ се зголемила тројно, односно недостигот на средства е 21,2 милијарда денари.
- Оваа дупка е огромна и ние ќе се трудиме да најдеме начин како ќе го стабилизираме. Затоа ни е важно да имаме повисоки плати во РМ, а со тоа ќе добиеме и повисоки пензии. Колку ја зголемувате дупката во ПИОМ толку помалку внимавате за квалитетот на живот на пензионерите, рече Царовска.
Останува на ставот дека минатата влада во 2016 година им дала 630 денари покачување на пензионерите.
- Како што кажав во изјавата претходно, ако имаме еден отсто раст во период на една година и во прво полугодие и во второ полугодие во оваа година тогаш тие ќе добијат 2.160 денари. Но, тие нема да ги добијат наеднаш како еднократна исплата. Како што оди по Законот, растот се усогласува со прво полугодие, се усогласува со второ полугодие. Значи, раст на трошоци на живот и раст на плати – 50:50 се усогласуваат пензиите во Македонија. Тие им се даваат во првата половина одредена сума согласно растот и во втората половина им влегува во основица на пензијата, рече министерката за труд и социјална политика.
Додаде дека е уверена оти пензионерите секако ќе добијат повеќе од петте отсто коишто, на пример, во ноември месец би им биле исплатени како претходно во висина од 650 денари.
Одговарајќи на новинарско прашање истакна дека нема да се укинуваат никави права на пензионерите, како што се бесплатниот јавен превоз или бесплатните бањи и викенди, ниту за тоа станало збор.
Рече и дека нема никаков официјалн став или предлог од Министерството за финансии за зголемување на старосната граница за пензионирање.
Во врска со последните случувања во ССМ, таа истакна оти остава синдикатите самостојно да се реорганизираат и навистина да застанат во заштита на работниците.
Ново на Сител
-

ДИК: За изборот на градоначалник во општина Брвеница се обезбедени 21.100.000 денари
-

Трамп ја нарече Канада една од „најлошите земји“ за преговори во услови на трговската војна
-

Словачка предлага забрана за социјални медиуми за деца под 16 години
-

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании
-

Апокалиптични сцени во Непал: Стотици исчезнати и десетици загинати по катастрофални поплави
-

ЕК објави распоред на летното и зимското сметање на времето за следните пет години
-

Ужас во Прилеп: 48-годишник во повеќе наврати ја силувал малолетната поќерка
-

Рустемовски со бронза се враќа во Македонија, по израмнета борба остана без финале
