Царинската управа заплени обврзници вредни 92 милиони долари од турски државјанин

Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев објави дека Царина заплени обврзници со вредност 92 милиони долари.
Заплената се случила на 28 јули, а станува збор за 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500.000 долари.
Обврзниците биле пронајдени кај патник – турски државјанин кој пристигнал со редовен лет од Истанбул и не пријавил стока. При контролата, обврзниците биле забележани во четири папки, сместени во рачна црна торба.
Извршени биле разговори, прибрани биле и докази, како и консултации со државните и меѓународните инстутуции, како што се ИНТЕРПОЛ и СЕЛЕК.
Согласно одредбите од Законот за Царинска управа, поднесена е соодветна пријава до надлежниот суд. Судот ги одземал обврзниците, а на лицето му е изречена парична казна глоба.
Обврзниците, како што истакна Богоев, ќе и бидат предадени на Агенцијата за одземен имот.
Богоев укажа на постоечки тренд во глобални рамки на злоупотреба на обврзници како инструмент на перење пари.
Ново на Сител
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
