Македонија
31. March 2019 - 19:21

Царинската управа ниту вработува ниту објавува огласи за вработување во дневни весници

Со овa соопштение Царинската управа ГО  ДЕМАНТИРА  тврдењето на Порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски дека ,,Пред избори е распишан оглас за 22 времени вработувања во Царинската управа“.

Имено, Царинската управа ниту вработува ниту  објавува огласи за вработување во дневни весници.

Видно од објавата е дека станува збор за објава на оглас за доделување на договор за јавна набавка за  услуга за привремено вработување.

Оваа набавка е планирана согласно Законот за јавни набавки со план за јавни набавки за 2019 година донесен на 24.01.2019 година од страна на директорот на Царинската управа. Планот е објавен на web страната на Царинската управа. Набавка е планирана под реден број 21 (http://customs.gov.mk/images/documents/javni-nabavki/PlanZaJN_2019.pdf) со очекуван почеток на набавката во месец март и проценета вредност на набавката од 2.600.000,00 денари со ДДВ.

Истакнуваме дека станува збор за целосна лага и обид за дезинформирање на јавноста.

Ваквиот начин на информирање на јавноста е тенденциозно дезинформирање од страна на ВМРО ДПМНЕ и целосно е во спротивност со политичката етика и професионализам.

Царинска управа