-->
-->
Царинската испостава Штип со ново продолжено работно време
-->

Царинската испостава во Штип е со ново продолжено работно време со цел да им се излезе во пресрет на тектилните фабрики и на сите учесници во царинската постапка.
Царинската управа денеска соопшти дека новото работно време е воведено од вчера.
- За потребите на контрола на спроведување на поедноставените постапки и извозно царинење, работното време ќе биде од понеделник до петок, од 08:00 до 20:00 часот и сабота од 10:00 часот до 22:00 часот. Новото работно време е резултат на взаемната соработка на Царинската управа со Стопанските комори и со Текстилниот кластер – Македонија и треба да обезбеди значителни финански заштеди за текстилните компании, велат од Царинската управа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дејан Пројковски
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
-

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата
-

Жестоки мерки за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики, најави Мицкоски
-

Мицкоски за Усје: Не можеме на никого да му влеземе дома и да му кажеме да ја пресели куќата
-

Дежурните служби во Скопје полни со болни пациенти
-

Отворена нова градинка во Сопиште
-

По децении чекање, државни старечки домови конечно на повидок
