Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, откриле царинска измама во висина од седум милиони денари.
Како што соопшти денеска Царинската управа, дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажале дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка.
Против сторителите е поднесена кривична пријава за царинска измама, а донесени се решенија за дополнителна наплата на избегнатите давачки во висина од седум милиони денари.
Од Царинската управа информираат дека ќе продолжат со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.
МИА
Ново на Сител
-
Ангелов: Сите пожари во скопскиот регион се изгаснати или ставени под целосна контрола
-
Јаневска: Ќе има учебници по сите предмети и во основното и во средното образование
-
Невреме со јак ветер во Скопје, неколку пожари и материјална штета
-
Изгаснат пожарот во прилепската населба Варош
-
По растот на БДП во првиот квартал, Мицкоски очекува растот да продолжи во вториот и третиот квартал годинава
-
Ненадејно почина психијатарот и ексдиректор на „Здравствен дом Скопје“ Виктор Исјановски
-
Пет активни пожари претпладнево во земјава
-
Евробаскет: Втори победи за Србија и Финска