Царинска управа: Не станува збор за обврзници со истечен рок, туку за обврзници со доспеан рок

Царинската управа ја информира јавноста дека прилогот објавен на Телма во врска со неодамна запленетите обврзници, содржи непроверени информации и истите сакаме да ги демантираме.
Станува збор за обврзници со доспеан, а не со истечен рок како што е наведено во прилогот. Обврзниците имаат датум на доспевање, што значи дека истите може да се ефектуираат по истекот на тој датум.
Дополнително сакаме да ја информираме јавноста дека патникот кај кого се пронајдени обврзниците пред судот ја призна вината, по што е донесена пресуда од страна на судот со која обврзниците се одземени. Во исказот пред судот патникот изјавил дека имал намера да ги ефектуира обврзниците во странска земја.
Апелираме до медиумите и до јавноста да се држат до точни и проверени информации, затоа што сите шпекулации може да и наштетат на понатамошната истрага.
Финансиската истрага продолжува во соработка со сите релевантни тела и институции на национално и меѓународно ниво, со цел докажување на евентуален обид за измама или спречување на перење на пари. Истрагата ќе покаже која е реалната вредност на обврзниците и која е крајната намена на истите.
Согласно Законот за Царинска управа една од надлежностите на Царинската управа е и вршење на контрола на физички преносливи средства за плаќање - обврзници преку царинската линија на Република Северна Македонија.
Царинска управа на Република Северна Македонија
Ново на Сител
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
