-->
-->
Цариниците спречиле обид за криумчарење мигранти
-->

Мобилни царински тимови спречиле обид за криумчарење на пет мигранти на граничниот премин Богородица, соопшти денеска Царинската управа.
Службата за мобилен скенер на граничен премин Богородица открила обид за криумчарење на мигранти, државјани на Сиера Леоне, Египет и Екваторска Гвинеја.
Случајот е откриен при контрола на товарно возило со влекач со косовски регистарски таблички и приколка со македонски регистарски таблички. При извршен физички преглед се откриени пет мигранти.
Во соопштението се додава дека лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
