Бутрагењо: Анчелоти останува во Реал
Италијанскиот тренер Карло Анчелоти и идната сезона ќе го предводи Реал Мадрид, најави вчера директорот на Кралскиот клуб за односи со институции Емилио Бутрагењо, ден од поразот од Манчестер сити (0-4) и елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампиони.
„Карло има договор со нас. Тој е одличен тренер и освои сè со нас“, изјави Бутрагењо одговарајќи на новинарско прашање околу иднината на Анчелоти на клупата на Реал.
Анчелоти, кој има договор со мадридскиот клуб до 30 јуни 2024 година, исто така, потврди дека останува на клупата.
„Никој не се сомнева во мене. Претседателот (Флорентино Перез) беше прилично јасен пред 15 денови‘, изјави Анчелоти.
Италијанскиот тренер минатата сезона ја освои Лигата на шампиони со Реал Мадрид, а оваа сезона со Кралскиот клуб освои три од можните шест трофеи.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана