-->
-->
Бутел со пет нови играчи во составот за новата сезона
-->
Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот куп тимот на Бутел ги почна подготовките за новата сезона. Тренерот Горан Кузманоски на располагање ќе има 23 ракометари, а петмина се нови играчи. Тоа се: трите кадетски репрезентативци - Петар Николоски, близнаците Архангел и Атанасиј Трсунови, како и искусниот голман Благојче Трајкоски и левиот бек од Грузија, Давид Гришикашвили.
Тимот на Бутел подготовките ги стартуваше во Скопје, а првиот пријателски натпревар ќе го игра на 9.август во Пехчево против Вардар.
Од средината на следниот месец „бутелчани“ ќе одиграат и натпревари на два турнира: во Струга (13-16 август) и во Прилеп (21-24 август).
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип