-->
-->
Бушати: Тирана не се меша туку пријателски советува
-->
Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати кој престојува во Вашингтон, негира дека постоела тиранска платформа и дека Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија.
Бушати кој беше гостин на Германскиот-Маршалов Фонд, одби да одговори на прашањето од американските експерти што значи изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за единство на Косово и Албанија, пренесе МТВ.
Според Бушати, погрешно е платформата да се нарекува тиранска, а Албанија не се мешала, туку дека пријателски советувала.
- Не е прецизно да се каже дека има тиранска платформа. Нема тиранска платформа. Има платформа на албански политички партии за која се дискутираше со Груевски и со Заев. Имаше договор со Груевски што потоа беше одбиен од причини што немаат врска со Албанија, Тирана или премирот Рама. Никогаш не сме се мешале во домашните работи во Македонија и многу сме внимателни при советувањето на пријателски начин, исто така на нашите пријатели во Македонија на начин да не се одговори на провокациите што доаѓаат од улица, истакна шефот на албанската дипломатија.
Бушати избегна да одговори на прашањето од претседателката на американскиот Германско-Маршалов Фонд Карен Донфилд да ја објасни изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за потребата за единство на Косово и Албанија ако не влезат во Европската Унија. Тој го избегна и прашањето од дописникот на Македонската телевизија да биде поконкретен дали обедувањето на Косово и Албанија е почеток на формирање на „Голема Албанија“.
- Мислам дека ја објаснував позицијата на Албанија, на позицијата на албанскиот премиер за стратешкото партнерство што го имаме со Косово. Не можам да додадам ништо друго на тоа, рече Бушати.
Истакна дека Албанија била најдемократската држава на Западниот Балкан и бедем против руското влијание, дека имало назадување на демократијата во Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина и во Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа