-->
-->
„Буре барут“ за 70-годишниот јубилеј на Драмски театар
-->

Претставата „Буре барут“ на Дејан Дуковски, а во режија на Сашо Миленковски в четврток премиерно ќе биде изведена во Драмски театар-Скопје. Премиерата е во рамки на 70-годишниот јубилеј на оваа национална установа.
Во претставата играат Лазе Манасковски, Иван Петрушевски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Благица Димитровска, Јовица Михајловски, Александра Павлова, Игор Стојчевски, Емилија Мицевска, Рубенс Муратовски, Благој Чоревски...Музиката е на Венко Серафимов, а кореографијата на Валентин Апостоловски.
„Буре барут“ е најпоставуваниот драмски текст на Дуковски и е изведуван во Грција, Јапонија, Германија, Хрватска, Данска, Холандија, Шведска и Бугарија.
Според сценариото на „Буре барут“ е снимен и игран филм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
