Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
Сириските бунтовници денеска соопштија дека го укинале полицискиот час што го воведоа во главниот град Дамаск пред неколку дена, за да ги повикаат луѓето да продолжат да одат на работа за да помогнат во обновата на новата Сирија.
По соборувањето на режимот на Башар ал Асад на 8 декември, бунтовниците воведоа полициски час во вечерните и ноќните часови.
Во меѓувреме, шефот на бунтовничката алијанса предводена од лидерот на сириските бунтовници Ахмед ал Шарех, попознат како Абу Мохамед ал-Џавлани, денеска изјави дека нема да имаат милост и дека ќе ги ловат сите што го мачеле сирискиот народ.
„Оние кои се вклучени во тортура и убивање затвореници нема да бидат помилувани“, рече Ал Шарех.
Тој, исто така, ги повика странските земји да ги предадат „криминалците“ кои побегнале во нивните градови.
Ново на Сител
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија