Бундестагот усвои закон за шпионирање на сојузниците на Германија
Парламентот на Германија денеска усвои закон со кој и се овозможува на службата за надворешно разузнавање да ги шпионира институциите на Европската унија.
Законот беше усвоен со гласовите од партиите на владејачката коалиција и социјалдемокртите, а „против“ гласаа опозициските пратеници од Левите и од Зелените.
Законот предвидува формирање тричлено независна комисија, составена од двајца судии и еден федерален обвинител, кој ќе ги надгледуваат акциите на Федералната разузнавачка служба (БНД). Согласно новите правила, глерманскиот канцелар ќе треба да и издаде одобрение на БНД за следење на меѓународние телекомуникации.
Законот забранува економски и индустриска шпионажа во корист на германские компании. Тој предвидува уште позасилена парламентарна контрола врз разузнавачките служби, чии шефови еднаш годишно ќе треба да дадат јавен отчет пред Бундестагот.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости