Бундестагот одобри испраќање германски војници во екипажите на авионите на НАТО во Сирија и Ирак

Германскиот Бундестаг синоќа го продолжи учеството на Бундесверот во операциите на западната коалиција во борбата со Исламска држава во Сирија и Ирак до крајот на 2017 година, пренесе ТАСС.
Обновениот мандат го одобрува и учеството на германските војници експерти во формирање на екипажите на авионите на НАТО за радиолокациско разузнавање (АВАКС), кои ќе имаат задача да го контролираат воздушниот простор во регионот на борбени дејствија.
Одлуката на Парламентот во Берлин е донесена со 445 гласа „за“ наспроти 139 кои гласаа „против“.
Германија и дава поддршка на коалицијата со шест свои разузнавачки авиони „Торнадо“, што се сместени во базата на НАТО во Инџирлик, во Турција. Инструкторите на Бундесверот ги обучуваат ирачките Курди.
Германската фрегата „Аугсбург“ го придружува францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“. Германскиот воен персонал присуствува и во штабовите на коалицијата. Вкупната бројност на контингентот не надминува 1.200 лица.
Ново на Сител
-

Филипче со нов повик до Мицкоски: Уставните измени да ги направиме заедно и да споделиме одговорност
-

Утре прва официјална средба Муцунски-Чамова
-

Европските пари ги судрија математиките на власта и опозицијата
-

Случајот „Мазут“ на повторно разгледување по жалбата на ЕСМ
-

Власта го помина новиот заем во Комисијата за финасирање и буџет - СДСМ се повлече од работата, најави интерпелација за Гаши
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
