-->
-->
Бундес лига: Мајнц победи на гостувањето кај Дармштат
-->
Екипата на Мајнц ја постигна четвртата победа во Бундес лигата откако синоќа го совлада Дармштат со 3:2 во првиот натпревар од осмото коло. Мајнц водеше со 2:0, а домашните успеаја да изедначат . Но, водството од 3:2 беше решавачко за победата и трите бодови. Со овој триумф Мајнц се проби на 5.место.
Денеска на програмата се натпреварите: Хановер - Вердер, Херта - Хамбургер, Хофенхајм - Штутгарт, Инглоштат - Ајнтрахт и Борусија Менхенгладбах - Волфсбург.
Дербито на колото се игра во недела меѓу Баерн и Борусија Дортмунд, а покрај овој дуел ќе играат уште Шалке - Келн и Баер Леверкузен - Аугсбург.
Табела: Баерн 21 бод, Борусија Дортмунд 17, Шалке 16, Волфсбург 12, Мајнц 12, Баер Леверкузен 12,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди: Во Струга имаме сигурен кандидат
-
Арпата од ланската реколта ќе се откупува за стокови резерви
-
Бројни културни манифестации за привлекување туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП