Букурешт ќе забрани влез во центарот на возила произведени пред 2000 година
Од идната година сопствениците на автомобили што најмногу загадуваат нема да може да возат во центарот на Букурешт, а посетители со автомобили од провинција ќе мора да плаќаат дневен билет за да возат низ градот.
Тие две радикални мерки ги објави градоначалникот Габриела Фирја и по 45 денови јавни дискусии ќе бидат на гласање во општинскиот совет.
Планот предвидува сите автомобили без еколошки сертификат или Евро1/Евро 2 (возила произведени пред 1999 година) да им се забрани да возат низ центарот на градот.
На автомобили од провинција со сертификат до Евро2 целосно им се забранува да влезат во Букурешт. Сопствениците на автомобили со Евро3 ќе може да возат низ центарот со купување вињетка што чини 15 евра за еден месец.
Градоначалникот на Букурешт бара сите автомобили регистрирани на друго место да купуваат вињетка со цена од 2,1 евро за ден или 402 евра за година.
Мерките се преземаат заради загадувањето на Букурешт каде веќе има над 1.6 милиони автомобили. Во градот има над 120.000 автомобили со сертификат до Евро2 и уште 213.000 со Евро3. Според анкети мерките ги поддржуваат 56 отсто граѓани додека само 25 отсто сметаат дека се популистички или несоодветни.
Ново на Сител
-
Стармер и Фон дер Лајен: Скапо ја плативме цената за руската енергетска уцена
-
Макрон: Американскиот гнев треба да биде насочен само кон Путин
-
Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“
-
Гробот на папата Франциск ќе биде отворен за јавноста од недела наутро
-
Блумберг: САД ќе бараат Русија да го признае правото на Украина на сопствена армија и одбранбена индустрија
-
Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
-
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
-
Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно