Македонија
22. February 2024 - 16:40

Бујар Османи е големата вест на Ахмети - до сега 9 кандидати во претседателската трка

Бујар Османи кандидат за претседател државата со слоганот „Не за Русија, да за Европа“ е големата вест на лидерот Али Ахмети. Најпрво на Фејсбук, а потоа и со прес-конференеција во Мала Речица Ахмети го промовираше министерот за надворешни рабноти како најдобра опција за шеф на државата и тоа не само за Албанците туку за сите граѓани. За тоа зошто не го прифатил предизвикот на Таравари тој да биде претседателски кандидат, вели дека играат во различни лиги.

- Јас играм во супер лига...Од кандидатот Бујар Османи очекувам да се претстави професионално и ќе биде чест за Северна Македонија и граѓаните да поддржат профил на Европеец, достоинствен претседавач на ОБСЕ, кој на најдобар начин се справуваше со прашањата и се справувал со Русија. Не можам да ги прејудицирам резултатите, но кога ние одиме во битка не одиме со бело знамнеце, изјави Ахмети.

Лидерот на ДУИ не сакаше да прогнозира ни колку пратеници би освоила ДУИ на парламентанрите избори, бидејќи како што рече секогаш прогнозирал помалку отколку што реално освојувала партијата.

Османи, е деветиот кандидат чие име се врзува со претседателските избори. Силјановска Давкова пак, и лично ја потврди својата кандидатура од редовите На ВМРО-ДПМНЕ. Време е за женска димензија во политика, вели професорката. Мотив за нова кандидатура и се резултатите претседателските избори во 2019 година кога освои 380 илјади гласови. Порача дека во Европскта Унија се оди со стандарди во сите области, не со зборови.

 - Со реторика ЕУ, ЕУ, љубов моја, ЕУ, фронт за ЕУ не се оди во ЕУ. Во ЕУ се оди со стандарди во сите области – од човековите права до економијата. Стандардите ни се потребни за да станеме пристојно европско место, пристојна држава, компатибилна со сите во ЕУ и во светот, Само така ќе не почитуваат - изјави Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова треба да биде потврдена на партиската Конвенција на 3 март. Ден претходно потврда на кандидатурата од редовите на СДСМ треба да добие актулениот шеф на државата Стево Пендаровски.

Од партијата на Ковачевски велат дека тој заслужува втор мандат порадни неговиот коалициски капацитет. 

Официјална кандидатура вечерва ќе најави и кумновскиот градоначланик Максим Димитриевски, преку неговата партија ЗНАМ. Претходно, Европскиот сојуз за промени соопшти дека нивен кандидат ќе биде Арбен Таравари. Тој ќе настапува под слоганот „Вредно е''.

ГРОМ синоќа поддршка му даде на претседателот на партијата Стевчо Јакимовски.  Професорката Билјана Ванковска е кандидат за претседател на Левица. Желба за претседателски кандидат има и инфектологот Вело Марковски, како и Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачки демократски сојуз за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува во петок на 23 февруари и ќе трае до 8 март.