Бугарското Собрание го отфрли предлогот за преразгледување на санкциите кон Русија

Бугарското Народно собрание денеска го одби предлогот на опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) за преразгледување на одлуката за воведување на санкции кон Русија, поради конфликтот во Украина.
„За“ предлгот на коалицијата БСП лева Бугарија гласаа 52 пратеници, 47 беа „против“, а 31 „воздржани“, со што иницијативата не беше прифатена.
За поддрошка на предлогот се изјаснија опозициските пратениците на коалицијата на БСП и партијата Атака, но и народните избраници од редовите на владејачките Алтернатива за бугарска преродба (АБВ) Патриотскиот фронт. Пратениците на владејачките партии Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Реформаторскиот блок (РБ) и на опозициските Движење за права и слободи (ДПС) и Бугарски демократски центар (БДЦ) се изјазнија против или воздржни.
Со иницијативата се предвидуваше бугарската Влада да подготви план за етапно укинување на санкциите кон Русја и водено се предлагаше Парламентот да се изјасни против нови санкции кон Москва и против руските контра-санкции кон земјите од ЕУ.
Лидерот на БСП, Михаил Миков изјави дека ваквата иницијатива е актуелна, бидејќи и многу европски политичари оцениле дека санкциите кон Руисја се неефикасни и негативно влијаат на односите со Москва.
Според него, Бугарија трпи поголеми штети од санкциите кон Русија, што особено се отсликуваат во секторот за прерабокта на млеко и во турзимот, кој годинава забележал намалување на бројот на руски туристи за 40 отсто.
Пратеникот Мартин Димитров од Реформаторскиот блок, кој беше против предлогот, оцени дека санкциите не се неоправдано воведени, нагласувајќи дека Русија е одговорна за насилно прекорјување на границите на Украина и за агресија на Крим.
- Ако се изјасни против санкциите, Бугарија ќе стане „Тројански коњ“ во ЕУ, рече Димитров.
Ново на Сител
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
-

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи
-

ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“
-

АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
-

Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
-

Трамп упати остри закани до Техеран: Иран премногу одолговлекуваше во преговорите, сега ќе мора да плати
