Бугарското Народно собрание ја почнува процедурата за избор на нов гувернер на БНБ
Пратениците во Народното собрание на Бугарија денеска треба да донесат процедурални правила за предлагање, сослушување и избор на гувернер на Бугарската Народна банка.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, парламентот ја почнува процедурата за избор на нов гувернер на БНБ.
Мандатот на актуелниот гувернер на БНБ истече минатото лето, но поради политичката криза изборот беше одложен.
Народното собрание ги избира и замениците гувернери – раководители на главните сектори, на предлог на гувернерот. Останатите тројца членови на Управниот одбор ги именува претседателот на Бугарија. Мандатот на членовите на Управниот одбор изнесува шест години.
Пратениците денеска ќе ги разгледаат и процедуралните правила за избор на Фискален совет, а во прво читање ќе ги разгледаат и измените на Законот за регистар BULSTAT.
Според дневниот ред, пратениците утре ќе почнат да разгледуваат три предлог-закони за измени во Законот за бугарско државјанство. Еден е на владејачкото мнозинство, а два на опозициското Движење за права и слободи. Во предлог-законите има соодветни измени во однос на можностите за стекнување со бугарско државјанство, преку таканаречените „златни пасоши“, што се давани заради инвестиции. Целта е да се смени оваа можност откако опозицијата изнесе скандалозни тврдења дека кинески бизнисмени блиски до нивните специјални служби во последните години инвестирале 500.000 евра за да добијат бугарско државјанство, постапка позната како „златен пасош“.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор
-
И Филипче бара од Бугарија да нема нови барања за македонскиот идентитет
-
Владата отвора телефонска линија за барањата и потребите на повредените во Кочани и нивните семејства
-
Поголемо внимание и прилагодена брзина на патиштата за безбедност во летната сезона
-
Внимателно со барањата за високи плати, да не вивне инфлацијата!
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вози Ауди Q8 купен од газда на фирма која набавуваше 3 пати поскап јаглен
-
СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година
-
Заврши изградбата на пречистелната станица во Дојран