Бугарското МНР му врачи протестна нота на македонскиот в.д. амбасадор во Софија
Пожарот во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола на социјалните мрежи го осуди и бугарскиот премиер Кирил Петков и најави дека Бугарија ќе продолжи да ја поддржува работата на бугарската заедница во Македонија.
А во Софија заменичката министерка за надворешни работи, Велислава Петрова му врачи протестна нота на в.д. амбасадорот Владимир Крстевски поради пожарот во Културниот центар во Битола, информираше бугарското МНР.
- Вакви вандалски чинови не само што се израз на омраза на национална основа и нетрпеливост кон дејноста на невладините организации како важен, составен дел од граѓанското општество, туку се и серозни во спротивно со демократските вредности и принципи на функционирање на современите цивилизациски европски системи. Бугарија е убедена дека ова не допринесува кон добрососедство и е во спротивност во напорите за изнаоѓање на вистински пат кон европската интеграција на Македонија, пишува во информацијата која ја објави Министерството за надворешни работи во Софија.