Македонија
9. December 2021 - 16:47

Бугарските ставови за вето остануваат непроменети

Македонија преку француска иницијатива ќе го надминува бугарското вето. Очекуваме да постигнеме зделка која ќе ни ја отвори вратата кон ЕУ, рече првиот вицепремиер, по бугарската потврда за ветото на Самитот наредната недела.

Опозицијата не е запознаена со каков било француски предлог. Она што тие го бараат е распишување на предвремени парламентарни избори доколку не го добиеме датумот за преговори наредната недела.

По ставот кој дојде од официјална Софија, итен прекин на преговорите побараа од Левица, поради тоа што тие се водат на директна штета на македонските национални интереси.

Ветото за Скопје, всушност е и вето за Тирана. Ќе биде ли декемврискиот самит клучен за раздвојување на двете земји на европскиот пат?

Инаку во сенка на студениот туш кој дојде од Софија, денеска и утре виртуелна средба имаат историчарите од мешовитата комисија, а се расправа за отворените прашања – средновековието, македонските учебници и чествувањето на Гоце Делчев.