Бугарските социјалисти денеска одлучуваат дали ќе учествуваат во новата Влада
Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија, денска оддржува важен состанок на кој ќе присуствуваат не само високи претставници на бугарската левица, туку и коалициските партнери на БСП и каде ќе се разгледаат досегашните преговори меѓу БСП и претставниците на „Има таков народ“ и ќе се одлучи дали ќе продолжат разговорите меѓу двете заинтересирани страни.
Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, денеска мора да добие мандат од Националниот совет на партијата за да ги продолжи преговорите со партијата на ТВ-презентерот Слави Трифонов и во каква форма ќе ја поддржат идната бугарска влада. Пленумот ќе го разгледа и прашањето за бараната оставка на Нинова од внатрепартиската опозиција поради губењето партиски гласови на предвремените парламентарни избори на 11 јули. Се очекува денеска Нинова да го претстави планот за надминување на падот на Бугарската социјалистичка партија со сеопфатна објективна анализа и конкретни решенија за постигнување подобар резултат за левицата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари