Бугарскиот министер за одбрана Заков ја пречека македонската колешка Петровска
Бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков денеска ја пречека министерката за одбрана на Република Северна Македонија Славјанка Петровска, јави дописникот на МИА од Софија.
Посетата на министерката Петровска на Софија, според бугарскиуте медиуми, е продолжение на контактите на високо ниво започнати на почетокот на годината во обид за нормализирање на односите меѓу двете земји во контекст на евроинтеграциите на Република Северна Македонија и ветото наметнато прво од Франција, а потоа и од Бугарија од 2020 година.
Македонското МО соопшти дека Петровска во Софија ќе се сретне со својот бугарски колега, министерот Драгомир Заков, а во бугарското Собрание ќе има средба и со раководството на парламентарната комисија за одбрана.
Таа ќе има средба и со двајца офицери на Армијата на Република Северна Македонија кои во моментов се на високо воено школување на Воена академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски“ во Софија.
Ново на Сител
-
За продолжениот викенд Охрид исполнет со гости
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?