Бугарскиот амбасадор повикан во МНРНТ, побарано дополнително објаснување
Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјаско Радуков, каде, како што информираат од Министерството била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително е побарано објаснување од бугарската страна.
- Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата Претседатели поминале во пријателска атмосфера. Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна, се вели во соопштението од МНРНТ.
На средбата во МНРНТ, на амбасадорот Радуков, исто така, му било пренесено дека Република Северна Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна.
Заради фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска Давкова на средбата завчера во Софија, од македонска страна беше најавена протестна нота до бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков. Демаршот на бугарскиот амбасадор, како што информираат извори од МНР, ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот.
Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со „Набуко“, како чекор од културната дипломатија. Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков.
Новоименуваниот амбасадор на Бугарија Желјаско Радуков и ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова на 10 септември, заменувајќи го досегашниот амбасадор Ангел Ангелов.
Ново на Сител
-
Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад
-
Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно и постудено, до 14 степени
-
Дејан Митровски Урко за настапот на ЕП: Браво за целиот тим, задоволен сум од успехот, одиме понатаму!
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус