Бугарски „Минстрој“ уплати над четири милиони евра за имотот на рудниците „Злетово и „Тораница“
Бугарската фирма „Минстрој“, новиот концесионер на рудниците „Злетово“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка денеска ги уплатил парите за купување на имотот на двата рудника. Стечајната управничка на рудниците, Владица Ивановска за МИА потврди дека на сметката се легнати 4.130.000 евра, од кои 3,5 милиони евра се согласно понудата за движниот и недвижен имот, а остантите средства се 18 % ДДВ.
Собранието на доверители во средата ја донесе одлуката за прифаќање на понудата на новиот концесионер и имаше законски рок од осум дена за да ги уплати парите за купување на управните згради, флотациите, машини и друг движен и недвижен имот, но средствата ги уплати само еден ден по донесената одлука. Согалсно електронската продажба „Минстрој“ за купување на објектите во пробиштипскиот рудник „Злетово“ неопходни за производство на олово-цинкова руда понуди околу два милиони евра, а објектите на рудникот Тораница во Крива Паланка ги купи за околу1,5 милиони евра.
Во текот на наредните денови стечајната управничка треба да направи план и пресметки колку доверителите ќе добијат пари од стечајната маса. Околу 1.000 рудари од Злетово и Тораница први ќе бидат подмирени од овие средства, со што ќе им се исплатата трите заостанти плати, а исто така ќе им се плати и бенефицираниот стаж. Над 50 рудари ќе можат веднаш да заминат во пензија, откако ќе им се плати бенефицираниот стаж.
Во моментов над 100 рудари и инженери се ангажирани од концесионерот „Минстрој“ и работат на подготвување за рестартирање на рудниците „Злетово“ и „Тораница“.
Ново на Сител
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа
-
Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“
-
Состојба на патиштата
-
Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад
-
Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители
-
Студено наутро, во текот на денот сончево со умерена облачност
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов