Бугарски „Минстрој“ нов концесионер на рудниците „Тораница“ и „Злетово“
Министерот за економија Беким Незири денеска го претстави новиот концесионер за експлоатација на олово-цинкова руда во рудниците „Тораница“ и „Злетово“, бугарската компанија „Минстрој“, по денешната средба со претставниците на компанијата, на која, како што беше кажано, детално разговарале за плановите за рестартирање на двата рудника.
- Како член на Влада сум радосен што за многу кратко време сите вработени од двата рудника ќе бидат вратени и ќе почнат со работа. Двете општини ќе добијат 70 проценти од концесиските придонеси. Ќе почне локално економскиот развој на регионот на општините Крива Паланка и Пробиштип, рече Незири.
Потсети дека во минатото, како што рече, имавме сериозни проблеми како Влада со концесионерот што досега менаџираше со двата рудника, околу плаќањето на работниците и придонесите и на крај тоа менаџирање и работење донесе таа компанија да оди под стечај.
- По објавениот тендер и сите законски процедури Владата и комисиите кои што активно работеа решија концесијата да ја добие компанијата „Минстрој“ од Република Бугарија. Согласно закон треба да се причекаат сите законски мерки и во рок од осум дена планираме заедно со концесионерот да потпишеме официјален договор, рече Незири.
Посочи дека компанијата „Минстрој“ е една од најсериозните компании што работи во Источна Европа во делот на рударството и веќе менаџира неколку рудници во Бугарија. Ние детално ги информиравме за стечајната постапка што тече во двата рудника и по средбата лично сум убеден дека концесионерот ќе обезбеди подобри и побезбедни услови во рудниците.
Сопственикот на „Минстрој“ Николај Валканов рече дека се детално информирани за состојбата во рудниците и дека имаат финансиски и експертски капитал и потребни ресурси веднаш да ги рестартираат рудниците.
Според Валканов, најголем капитал на Злетово и Тораница се работниците, инженерите и специјалистите, како и резервите на руда, додека за нив најголема предност е тоа што се блиску до Софија.
- Запознаени сме со состојбата во рудниците и знаеме се што треба да се направи. Има голем потенцијал и затоа одлучивме да ги рестартираме двата рудника. Има голема разлика во опремата што ние ја користиме и потребни се многу инвестиции. За двата рудника ние ќе инвестираме над десет милиони евра, ќе ги вратиме сите 1.000 вработени, а можеби и ќе вработиме нови, рече тој.
Валканов нагласи дека доколку се оди според планираното и биде потпишана концесијата, Злетово ќе биде веднаш рестартиран и првата руда ќе излезе на почетокот на мај, додека Тораница, поради геолошко проблеми, по неколку месеци. Компанијата „Минстрој“ од 1998 година е приватна и вработува меѓу 2.500 и 3.000 лица, од кои 1.500 се рудари.
На новинарско прашање за најавените жалби од останатите учесници на тендерот за концесија, Незири рече дека тоа е законско право и двете компании, кои што биле едногласно елиминирани од десетчлена владина комисија, веќе имаат поднесено жалби до Министерството за економија и тие ќе бидат процесуирани.
- Едната компанија е елиминирана поради тоа што нема позитивен ревизорски финансиски извештај, а другата компанија поради тоа што секоја година пренесувала загуба. Во една од жалбите, дури стои дека тие направиле грешка при преведување на ревизорските извештаи, поради што и се елиминирани согласно со закон. Ние не навлегуваме во детали и во работата на Комисијата која има целосна автономија во функционирањето, истакна Незири.
На јавното наддавање, кое траеше три часа, посочи тој, учествуваа три сериозни компании од кои едната, компанијата „Солвеј“ што веќе работи во Македонија и компанијата „Гим“, и од почетната сума од 800.000 евра беше постигната сума од околу 2 милиони евра.
Ново на Сител
-
Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага
-
Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри