Бугарската Влада поднесе оставка

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска до Народното собрание на Бугарија поднесе оставка на наговата Влада, соопшти Прес-службата на буграскиот владин Кабинет.
Како што јави БТА, во писмото со оставката Борисов напоменува дека Владата ќе продолжи да ги извршува своите функции се до изборот на нов Министрески совет и дека ќе обебзеди „континуитет во управувањето со земјата“.
Оставката на својата Влада Борисов ја најави уште синоќа по победата на независниот кандидат за претседател на Бугарија, поддржан од Бугарската социјалистичка партија (БСП), Румен Радев претседателски избори.
Борисов изјави дека во Бугарија „има нова политичка ситуација“ и дека е очигледно оти се создало ново мнозинство, кое ќе треба да формира нова влада.
Борисов се заложи и за свикување на Големо народно собрание, специјализирана законодавна институција во Бугарија, која има проширен состав во споредба со редовното Народно собрание и има ексклузивни права да решава за одреден круг прашања, вклучително и за промена на Уставот.
Тој оцени дека станало „јасно оти нешто не е во ред со актуелната политичка класа и со актуелниот начин на управување“.
- Многу луѓе се чувствуваат незадоволни... и јасно е дека над 3,5 милиони Бугари сакаат промени, изјави Борисов, заложувајќи се меѓу другото и за намалување на бројот на пратениците во бугарскиот Парламент.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
