Бугарската политичка партија „Има таков народ“ денеска ќе го објави предлогот за премиер
Пратеникот од бугарската политичка партија „Има таков народ“ која доби најмногу гласови на предвремените парламентарни избори, Станислав Балабанов, објави дека денеска ќе биде познат нивниот кандидат за премиер на Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа политичка партија очекува парламентарна поддршка од „Демократска Бугарија“ и „Стани БГ! Доаѓаме”. Претседателот на државата Румен Радев, објави дека денеска започна постапката за предавање на првиот мандат за формирање влада на Бугарија. Претходно денеска, Филип Станев, еден од блиските соработници на Слави Трифонов, изјави за БТВ дека кандидатот за премиер на „Има таков народ“ е јасен – велејќи дека тоа е човек со квалитетно образование, добар морал, добра намера и експертиза. Тој додаде дека станува збор за личност која се уште не учествувала во политички активности.
„Составот на владата е подготвен и ако го добиеме мандатот од Румен Радев, премиерот ќе го претстави и сите ќе го видат“, додаде Станев.
Бугарски медиуми јавија дека најверојатен кандидат на „Има таков народ“ за премиер е Петар Илиев.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра