-->
-->
Бугарската партија „Има таков народ“ го врати мандатот за состав на Влада
-->
Антоанета Стефанова, предложена за премиер од втората политичка сила во 45. Национално собрание на Бугарија, придружувана од заменик-претседателот на „Има таков народ” Тошко Јорданов, го прифати и го врати веднаш мандатот за формирање влада, јави дописникот на МИА од Софија.
По враќањето на мандатот, претставниците на „Има таков народ” нагласија дека нема услови тие да ја формираат новата влада на Бугарија.
Според Уставот, претседателот на таа држава треба да врачи трет мандат на партија што тој ќе ја избере од Парламентот.
Ако и тоа не биде реализирано, претседателот со декрет го распушта Парламентот и определува датум за предвремени парламентарни избори и формира привремена влада за да управува со Бугарија во следниот период.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК го заклучи избирачкиот список - Право на глас имаат 1 832 415 граѓани
-
СДСМ: Просечната плата паѓа, а со тоа и животниот стандард на граѓаните
-
Владата инвестира 198 милиони денари за довршување на театарот во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Мицкоски најавува „македонска резолуција“