-->
-->
Бугарската граница од денеска затворена за македонските граѓани
-->
Бугарија воведе привремена забрана за влез на сите лица од Македонија, без оглед на нивното државјанство, од 16 јули до 31 јули.
Одлуката е донесена поради влошување на епидемиолошката ситуација во земјата и се однесува на сите гранични премини, воздушни, железнички и копнени патишта.
Исклучок од забраната е дозволата за македонските државјани да транзитираат преку Бугарија со цел нивно враќање во државата. Транзитот се дозволува единствено во случаи кога може да се гарантира неодложно напуштање на територијата на Бугарија, се додава во соопштението.
Бугарската агенција „Новините“ јавува дека истите правила како за Македонија важат и за Србија, БиХ, Црна Гора, Косово, Албанија и Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ